ОНЛАЈН РЕЗЕРВАЦИИ

Почитувани патници, клиенти, пријатели,

 

Доколку веќе сте го одбрале Вашиот аранжман, а од било која причина сте спречени или едноставно не сакате да дојдете во нашите канцеларии, Ве информираме дека Аурора Турс постави едноставна, брза и ефикасна техничка можност да извршите резервација онлајн преку нашата веб страна, директно од Вашиот уред. 

SSL_SIGURNO_KUPUVANJE.jpg

Дополнително, Вашето здравје и здравјето на нашите вработени во овие времиња полни со предизвици е за нас највисок приоритет. Согласно препораките за заштита и превенција од Ковид-19 би сакале да овозможиме начин да се намалат групирањата во канцелариски простории, со што би се намалиле и ризиците.

 

Постојат 2 начина како да направите онлајн резервација:

 

1. Регистриран Корисник

Наша препорака за оптимално искуство е да се најавите како корисник на веб страната - тоа можете да го направите ОВДЕ (селектирајте "Логирање на корисник"), а доколку не сте се регистрирале за корисник напревете го тоа ОВДЕ (се пополнува еднаш). На тој начин, при секое Ваше логирање на едноставен начин можете да го погледнете статусот на Вашата резервација како и евентуалните други резервации кои сте ги направиле преку нашата вебс страна

2. Нерегистриран Посетител

Иако пожелно, за да направите онлајн резервација не е и задолжително да се најавувате / логирате како корисник. Можете едноставно да го изберете Вашиот аранжман и како ненајавен посетител да ги следите инструкциите и чекорите за резервација. Откако ќе ја комплетирате резервацијата, може да го погледнете нејзиниот статус со внес на уникатниот резервациски број и презимето на носителот на аранжман ОВДЕ (селектирајте "Логирање на патник").

 

Уплата на онлајн резервација

 

За секоја резервација, согласно условите за плаќање, потребно е да се изврши авансна уплата. Плаќањето за Вашата електронски (онлајн) направена резервација може да го извршите  на 2 начина:

 

1. Веднаш со платежна картичка

Ова е најбрз, наједноставен и целосно безбеден начин да го резервирате Вашето патување.

» Услови за електронско плаќање резервација

 

2. Одложено - на банкарска сметка или во продажна канцеларија

Направете 24 часовна предрезервација за Вашето патување. Доколку не биде уплатена автоматски ќе се избрише.

» Услови за уплата на онлајн предрезервација