COVID-19 ► КОРИСНИ ЛИНКОВИ

Информирајте се за најактуелните официјални информации, состојби и препораки поврзани со Корона пандемијата во Р. С. Македонија на следниве линкови:


 

COVID-19 - Информации, Ставови, Препораки

 

Почитувани патници, партнери, пријатели,
Би сакале да ве информираме дека будно го следиме развојот на состојбата со вирусот COVID-19, како во Македонија така и пошироко. Свесни сме за деликатноста на ситуацијата особено во областа на патувањата и ве уверуваме дека безбедноста на клиентите поединци, нашиот персонал, како и заедницата е наш највисок приоритет. Здравјето е заедничка одговорност, па затоа ги следиме препораките и насоките на Министерството за Здравство, Владата и останатите надлежни институции чија цел во овие неизвесни времиња е да помогнат и да не насочат кон што полесно пребродување на овој глобален здравствен предизвик.

 

РАБОТНО ВРЕМЕ
Согласно препораките и состојбите, Ве информираме дека Аурора Турс во периодот додека траат вонредните мерки и времените рестрикции може да работи со ирегуларно работно време, а одредени денови може да биде и целосно затворена за директна комуникација со странки, меѓутоа остануваме константно достапни преку нашите мејлови и контакт телефони за итни ситуации. 
Канцелариите во населба Аеродром - 3 Бисери, кои беа во процес на целосна реновација изминатиот период, од 11.05.2020 се веќе отворени за странки и работат од 09:00 до 17:00 часот (сабота до 15:00 часот).
Канцелариите во центарот на Скопје се привремено затворени.

Доколку имате потреба да разговарате со наш агент а не можете да не добиете на канцелариските телефони, ве молиме контактирајте не на нашите дежурни телефонски броеви:
  075 432 872
  075 455 139
  075 498 423 - само за авионски билети!
📩 info@aurora.com.mk
*** Телефонските броеви ќе бидат достапни за Ваши повици секој работен ден од 09:00 - 16:30, односно сабота 10:00 - 15:00

 

Со оглед на динамичноста и неизвесноста во развојот на состојбите, ние ќе вложиме максимални напори да се прилагодиме на новонастанатата ситуација и да излеземе во пресрет на потребите и можностите на нашите патници и клиенти.

Веруваме дека како и во многу други ситуации до сега, така и овој пат - со добри намери, взаемно разбирање и трпение ќе најдеме сила, верба и начин да го надминеме овој предизвик и да продолжиме со заедничките активности. А до тогаш, чувајте го Вашето здравје, бидете одговорни кон себе и кон околината и во добро расположение уживајте во друштвото на најблиските, нешто што за многу од нас стана реткост изминативе години.

 

Во име на целиот тим на Аурора Турс ве поздравуваме, со желба за добро здравје и што побрзо надминување на непријатностите.


 

СООПШТЕНИЈА И ИНФОРМАЦИИ

 

Во овој дел може да прочитате соодветни информации, ставови, одлуки и активности на Аурора Турс во врска состојбата со планираните патувања во организација на агенцијата, а резултирани како последица на COVID-19.

 

» СООПШТЕНИЕ ЗА ПАТНИЦИ (04.05.2020)
Последно и актуелно известување поврзано со Коронавирусот и аранжманските патувања во организација на Аурора Турс, согласно донесените времени мерки и Уредби на Владата.
 

» УРЕДБА НА ВЛАДА СО СИЛА НА ЗАКОН
Уредба со законска сила за примена на законот за туристичката дејност за време на вонредната состојба, усвоена на владина седница на 24 Март 2020 година (Службен весник на РСМ бр.80 од 27.03.2020)

 


Подолу може да ги погледнете и прочитате некои од постарите или веќе неактуелни соопштенија од Аурора Турс: 

 

» СООПШТЕНИЕ ЗА ПАТНИЦИ (25.03.2020)
КЛИКНЕТЕ за да превземете 

» КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ - ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ (16.03.2020)
КЛИКНЕТЕ за да превземете