ТУРЦИЈА • АНТАЛИЈА

Луксуз, раскош, беспрекорно испланирани „All Inclusive“ концепти во одлични хотелски комплекси со разновидни содржини, изразени природни контрасти, мистиката на Ориентот...Ова е дел од адутите на Турската Ривиера.
Со години наназад Турција важи за една дестинација со можеби најобемен избор на квалитетни хотели и традиционална одлична услуга, поради што со право е меѓу најбараните и најатрактивните дестинации во регионот. Доколку сте во онаа категорија на туристи кои преферираат хотели со разновидни и богати содржини, сместени на долги, песочни плажи – Ви препорачуваме летување во Аланија, Лара, Сиде, Белек или Кемер - Изборот на хотели е огромен а цените и условите за резервација најдобри!


ТУРЦИЈА • БОДРУМ

Бодрум - елегантен, луксузен и модерен приморски туристички центар, а истовремено град со долга историја и традиција. Лоциран на истоимениот полуостров, Бодрум е вистински бисер на турската егејска обала која се карактеризира со пријатна мека клима, кристално море, рајски плажи во заливи, брдовит зелен брег со голем број на прекрасни хотели по сечиј вкус. А на забавата и ноќниот живот овде им нема крај. Побарајте ја Вашата понуда, со или без авионски превоз.


АВИОН • ПОПУСТИ & ПРОМОЦИИ • FIRST MINUTE • LAST MINUTE

Со Чартер летови и редовни авионски конекции Ве носиме дирекно до Медитеранскиот или Егејски брег на Турција. Искористете ги големите Early Booking попусти за рани - "First Minute" резервации. Следете ја нашата понуда редовно за најактуелните цени, понуди, промоции, Last Minute акции!