Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Alba Resort Hotel
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот се наоѓа во областа Colakli, на 55км од аеродромот во Анталија и 8км од центарот на Сиде.


Сместување: Хотелот има вкупно 224 соби поделени во три блока. Сите соби се опремени  со сопствено купатило со када, туш и фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода и безалкохолни пијалоци), сет за кафе и чај, сеф (со доплата), ламинат на подот, LCD TV со сателитски и музички канали.


Содржини: Хотелот во својата понуда има главен ресторан Alatau – шведска маса, A’la Carte ресторани – Efendy (Турска кујна), Amadeus (морска храна), Cubana (Мексиканска кујна), барови низ хотелскиот комплекс, слаткарница, диско клуб. Доктор, услуги за перење и пеглање, фризер, продавници, телефон, факс, интернет конекција, компјутерски игри, рент а кар се услуги кои дополнително се наплаќаат. WI- FI интернет конекција во хотелското лоби и на јавните површини е бесплатна.


Спорт и забава: Хотелот има надворешни и внатрешни базени за возрасни, лизгалки на вода, тениски терени, терен за одбојка, одбојка на плажа, мини фудбал, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа и мини голф се вклучени во цена. Масажа, Спа центар, салон за убавина, сите видови спортови на вода, осветлување за тениски терени, опрема за тенис, куглање, билјард се услуги кои дополнително се наплаќаат. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и специјални програми во вечерните часови, кино, жива музика, забави на плажа.


Плажа: Хотелот има приватна песочно камчеста плажа , лежалките и чадорите се бесплатни за гостите на хотелот, пешкири со депозит.