Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Arsi Enfi City Beach
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Arsi Enfi City Beach е градски, економичен хотел со 4*, сместен директно на шеталиштето во Аланија. Хотелот е оддалечен околу 50 метри од јавната песочно-камчеста плажа, до која се пристапува со преминување на улица. Центарот на Аланија се наоѓа на приближно 1,5 км, додека аеродромот во Анталија е оддалечен околу 130 км. Локацијата го прави хотелот погоден избор за гости кои сакаат да бидат во близина на градските содржини и прошетките покрај морето.

Соби и сместување:
Хотелот располага со вкупно 132 сместувачки единици. Во понуда се стандардни соби со површина од околу 18 м², кои се состојат од една просторија и купатило. Сместувањето е предвидено со два стандардни кревети (два одвоени или еден француски кревет), со можност за додавање помошен лежај. Сите соби се опремени со купатило, фен за коса, индивидуален клима уред, SAT ТВ, Wi-Fi интернет, балкон, телефон (со доплата), сеф (со доплата) и мини бар кој е празен и се користи со доплата.

Услуга / Исхрана:
Хотелот работи на All Inclusive концепт во периодот од 10:00 до 23:00 часот. Исхраната се служи на база на самопослужување со избор од повеќе јадења од турската и интернационалната кујна. Во концептот се вклучени доручек, ручек и вечера, како и кафе и колачи во одредени термини. Локалните алкохолни и безалкохолни пијалаци се вклучени според хотелските правила и се служат во чаши.

Хотелски содржини:
На гостите им се на располагање рецепција, лифт, главен ресторан, бар, отворен базен за возрасни со оддел за деца, како и еден тобоган. Бесплатен Wi-Fi интернет е достапен во јавните простории на хотелот. Хотелот организира и лесна анимација за своите гости.

Плажа:
Хотелот се наоѓа на околу 50 метри од јавната песочно-камчеста градска плажа, до која се стигнува со преминување на улица. Користењето на лежалки и чадори на плажата е со доплата.

Спорт и забава:
Гостите кои сакаат релаксација можат да користат турско купатило, сауна и простории за различни видови масажи. За оние кои претпочитаат поактивен одмор, достапен е билјард, а на плажата, со доплата, може да се ужива во различни спортови на вода.

Услуги и активности со доплата:
Со доплата се користат услугите на лекар на повик, перење и пеглање алишта, увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, лежалки и чадори на плажа, свежо цедени сокови, турско кафе, турско купатило, сауна, масажа, моторизирани и немоторизирани спортови на вода, билјард, телефон, факс и собна услуга.