Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Baia Bodrum
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот се наоѓа во заливот Gundogan. Од центарот на Бодрум е одалечен 19км, додека пак од аеродромот е одалечен 48км.

Соби: Хотелот е со модерен дизајн и ентериер. Во својот состав има 228 сместувачки единици поделени во повеќе категории. Сите сместувачки единици се модерно опремени, секоја има купатило, фен, ТВ, телефон, клима уред, сеф (со доплата), мини бар, балкон и тераса.

Содржини: Во составот на објектот се наоѓаат повеќе ресторани и барови. Освен пансионскиот ресторан, на располагање на гостите се и 2 a la carte ресторани, мексикански и рибен. Од останати содржини хотелот располага со 5 барови: лоби бар, бар во главниот ресторан, снек бар, бар покрај базенот и бар на плажа.

Спорт и забава: Во сотав на хотелот се надворешни базени за возрасни и деца, како и мини аква парк. Во понуда на хотелот е и спа центар кој покрај турската бања и сауна содржи и простории за различни врсти на масажа, како и многубројни козметички и терапевтски третмани. Љубителите на активен одмор можат да користат фитнес цента и да играат пикадо,, билијард, тенис и кошарка. Од забавни активности хотелот има дневна и вечерна анимација за деца и возрасни.

Плажа: Хотелот има приватна, долга плажа и платформа, на која гостите на хотелот ги користат чадорите за сонце и лежалките без доплата. Покрај на песочната плажа, гостите може да уживаат и на дрвените понтони со перници.