Be Premium Bodrum 5*
Локација: Be Premium Bodrum е исклучително луксузен хотелски комплекс кој
се наоѓа во заливот Torba, на околу 8 км од центарот
на Бодрум и 23км од аеродромот. Отоврен е во 2014 година и зафаќа површина од
110.000м2. Комплексот е на каскадни нивоа.
Соби: Комплексот располага со вкупно
311 соби, поделени во неколку категории. Секоја соба има купатило со туш
кабина, фен, телефон, ТВ, чајник, апарат за кафе, мини бар, клима уред, сеф, wi-fi интернет и балкон.
Содржини: Освен главниот ресторан,
Be Premium Bodrum располага со 7 a la cart ресторани со понуда на јадења од локална турска, италијанска
и азиска кујна. Има 9 барови во кои се служат алкохолни и безалкохолни
пијалоци, коктели и освежителни напитоци. Разни видови на закуски и лесни
оброци се служат во 2 слаткарници и 3 снек барови. Од останати содржини,
гостите на располагање имаат паркинг, rent
a car услуга,
перење на автомобили, услуга за перење и пеглање на облека, продавница, бутик,
фризерски салон и лекарски услуги.
Спорт и забава: Гостите на хотелот можат
да уживаат во содржините на 8 надворешни базени од кои главниот има и водени
тобогани. За дополнително опуштање на располагање имаат часови по јога и
медитација, како и спа центар кој освен внатрешен базен содржи и сауна, парна и
турска бања, ледена фонтана, џакузи, простории за различни видови на масажа и
козметички третмани. Љубителите на спортот можат да го користат фитнес
центарот, масите за пинг понг, како и бројните можности за спортови на вода. Во
текот на денот и вечерта се организираат различни програми за анимација на
возрасните, додека за најмалите гости наменет е мини клубот во чиј склоп се
организираат различни забавни активности како креативни работилници, играње на
видео игри, проекции на филмови, танц.
Плажа: Хотелот има плажа долга 1км, од
кои 200м песочна плажа, а остатокот е составен од понтонски платформи. Плажата
и платформите се опремени со чадори и лежалки.