Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
DELPHIN PALACE
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

ЛОКАЦИЈА:  Хотелот е лоциран во областа Лара, 10км од аеродромот во Анталија и 15км од центарот на градот. Хотелот е на плажа.

СМЕСТУВАЊЕ: Вкупен број на соби 557. Стандардни соби 485 (32м² со поглед на копно, 28м² со страничен поглед на море, 32м² со поглед на море, макс.2+2 лица), 40 фамилијарна соба (45м² , две одвоени соби со два мини бара, два ТВ и едно купатило, макс. 4+1 лица), 24 Јуниор суити (36м², една голема соба со џакузи во купатило и голема тераса, макс. 3 лица), 6 соби за хендикепирани лица. Сите соби се со балкон или тераса, поглед на море, страничен поглед на море или градина, купатило со када, туш и фен, централна клима која работи според временски услови, телефон, под со тепих, сеф, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, пиво, чоколади се дополнуваат секој ден), сателитска ТВ и музички канали.

СОДРЖИНИ: Главен ресторант со шведска маса, A’la Carte ресторани: Blue Fish (рибен ресторан), Ottoman (Турска кујна и скара), Peking (Кинеска кујна), Dolce Vita (Италијанска кујна), Margarita (Мексиканска кујна), Dragon (Јапонска кујна), Mediterranean (Медитеранска кујна). Девет барови на различна локација во хотелскиот комплекс каде што се служат домашни и увозни пијалоци, диско клуб, кино. Доктор, перална, шопинг центар, интернет (во Lobby делот е бесплатен, во собите се наплаќа) и компјутерски игри, фризер, rent a car, чување деца, се услуги кои дополнително се наплатуваат.

СПОРТ И ЗАБАВА: Отворен и затворен базен, базен за деца, Аква парк, фитнес центар, сауна, Турска бања, соба со пареа, тениски игралишта, одбојка на плажа, пинг понг, пикадо, немоторизирани водени спортови, забавен парк за деца (во одредени часови од денот), не се наплатуваат. Опрема и часови за тенис, масажа, пилинг, SPA центарот и салонот за убавина, моторните водени спортови и школата за нуркање дополнително се наплатуваат. Забавни програми преку целиот ден, натпревари и шоу програми навечер, жива музика, Гала вечери, кино. Мини клуб за деца од 04-12 год.

ПЛАЖА: Песочна приватна плажа со лежалки, чадори за сонце, пешкири и душеци кои не се наплатуваат.