Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Eftalia Ocean Hotel
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот Eftalia Ocean е семеен хотел кој се наоѓа во регионот Турклер познат по своите песочни плажи, 18 км од градот Аланија и 100 км од аеродромот во Анталија.
 
Сместување: Хотелот е отворен во 2017 година, се состои од главна зграда со површина од 60.000 м2 и три згради со swim up. Вкупно 682 соби во главната зграда. Сите соби имаат приватни купатила со туш и фен, клима, телефон, мини бар (се дополнува еднаш неделно со вода и безалкохолни пијалаци), сеф, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Стандардни соби (35 m², 1 спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, 1 купатило, макс. 2+1 лица).
Голема соба (45 m², 1 голема спална соба со француски креевт, 1 единечен кревет, 1 фотелја на спуштање, 1 купатило, макс. 3+1 лица).
Фамилијарни соби А (91 m², 2 посебни спални соби, едната со француски кревет, а другата со три единечни кревета или две фотелји на расклопување, 1 купатило, макс. 4+1 лица).
Swim up со 2 спални (99 m², дуплекс, 2 посебни спални со 1 француски кревет, 2 единечни кревета и 1 фотелја на спуштање, две купатила, директен излез на базен, макс. 5+1 лица).
Swim up со 3 спални (113 m², дуплекс, 3 спални со 2 француски кревети, 4 единечни кревета и 2 фотелји на спуштање, директен излез на базен, 2 купатила, макс. 6+1 лице)
5 соби за лица со попреченост.

Содржини: Главен ресторан, a la carte ресторани (италијански, грил), Бургерланд, лоби бар, бистро бар, бар покрај базен, бар на плажа, ТВ соба, отворени и внатрешни базени за возрасни и деца, хотелски аква парк со лизгалки, Аква парк на островот Ефталија и комплекс на плажа, диско на плажа, забава преку ден, бесплатен Wi-Fi интернет во заедничките простории, фитнес, пинг понг, одбојка на плажа, СПА центар. Сите гости на хотелот „Ефталија Оушн“ можат бесплатно да го користат Аква паркот од 80.000 м2, вклучувајќи неколку базени и сите тобогани со вкупна должина од 875 м. Комплексот Остров Ефталија е еден од најголемите аква паркови на турската ривиера, кој се наоѓа веднаш на плажата долга 1 км. Островот Ефталија е составен дел од синџирот хотели и популарен центар за забава за целото семејство. Гостите на хотелот „Eftalia Ocean“ се поврзани со подземен премин до плажата и бројни објекти.
Не е вклучено: Доктор на барање, перална, чување на деца, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола, спортови на вода, билјард, салон за убавина, масажи, сите увозни пијалаци, специјални вина, флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, услуга во соба, пијалаци во диско и сите алкохолни пијалаци на Ефталија островот.

Плажа: Подземен премин под патот води до плажата и Аква паркот Ефталија островот. Плажата е камчесто - песочна, на места поголеми камчиња, влезот во морето е песочен и постепен. Лежалки и чадори на плажа се бесплатни. Крпите за плажа се бесплатни, може да се подигнат во хотелот, додека менувањето на пешкирите се подложува на депозит.
 

Забелешки

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.

» Аеродромски административни такси (40еур по лице / 20еур за бебе под 2години).

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Оброк / пијалок во авион за време на летот.

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

 » Рано пријавување (Early Check Inn) или касно одјавување на собите (Late Check Out) - предмет на расположливост со можност за доплата на услугите на лице место во договор со одговорни служби на рецепција.

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Директно во нашите канцеларии
» Во кеш со денарска уплата
» Безготовински со платежна картичка (Visa, Master, Maestro, Diners)
» Електронски (онлајн) преку веб страна.
» Електронско плаќање со платежни картички, брзо и безбедно.
» Банкарски трансфер на некоја од нашите сметки.
» НЛБ, Халк, Стопанска, Комерцијална
» Преку партнерската мрежа од агенции (субагенти).
» Преку административна задршка од плата.
» за компании, институции и синдикати со кои агенцијата има склучено договор.


» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

EARLY BOOKING АКЦИИ за резерваци направени до 31.01.2024:

Резервирајте рано и користете големи попусти за ран букинг но и дополнителни поволности!

АКЦИЈА 1: Резервација со вкупна уплата од само 100 еур !
» Износот на уплатата се однесува по резервација (соба);
» 30% од вкупниот износ на резервацијата треба да се уплати најдоцна до 28.02.2024, додека целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање;
» Авансот од 100еур по резервација е нерефундабилен, но во случај на промена/отказ најдоцна до 30дена пред датумот на патување, износот може да се пренамени за друго патување од нашата летна чартер понуда;

АКЦИЈА 2: Резервација со 30% депозит - 5% попуст!

» За уплата при резервација од најмалку 30% од вкупниот износ - се одобрува дополнителен попуст од 5% ;
» Доплата на целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање;


* ПАТНИ ИСПРАВИ - Патниците на овој аранжман задолжително треба да поседуваат пасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на завршување на престојот, како и ваучер за потврда на хотелска резервација и повратна авионска карта. Проверка на валидноста на патната исправа е исклучиво одговорност на патникот. Лица со пасоши кои не се македонски се должни сами да ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси одговорност доколку на патник со некомплетни и/или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет за ланч пакет или ладен оброк. Организаторот не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. Наша препорака е да се земаат екскурзии кои ги нуди локалниот претставник или официјални служби во хотелите, а да се избегнуваат непроверени продавачи, диви и улични организатори и сл.

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "

Останати Забелешки:
» Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.
» Обвјавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
» Секој хотел може да има дополнителни услови за наплата, отказ, минимална должина на престој, посебен ден на влез, итн. Ве молиме информирајте се кај Вашиот агент.
» Организаторот не сноси одговорност за усмено дадени поинакви информации поврани со оваа програма.
» Организатор на аранжманот е Аурора Турс.


ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

 

Програма

 

АНТАЛИЈА Лето 2024 - чартер програма:

 

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА

Состанок на скопскиот аеродром 2 часа пред полетување, или соласно инструкциите обиени од оранизаторот. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.