Локација: Хотелот е лоциран во областа Avsalar, 100км од аеродромот во Анталија и 22км од центарот на Аланија.
Сместување: Вкупен број на соби 113 во три згради. Стандардни соби (28м², една спална, едно купатило, макс.2+1 лице), Фамилијарни соби (55м², две спални, едно купатило,
макс. 3+2 лица). Сите соби се со купатило со туш, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (се наплаќа), сеф (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали, плочки на подот и балкон.
Содржини: Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, бар на плажа. Доктор, перална, телефон, факс, интернет кафe, продавници, рент а кар и компјутерски игри, дополнително се наплаќаат. WI-FI интернет конекцијата во лобито е бесплатна.
Спорт и забава: Отворен базен со дел за деца. Турска бања, сауна, соба со пареа, масажа, водени спортови, билјард и компјутерски игри се наплаќаат.
Плажа: Хотелска приватна плажа, на 150м од хотелот, со ситни камчиња. Лежалки на плажа и чадори за сонце не се наплаќаат.