Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
L'Oceanica Beach Resort Hotel
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот се наоѓа во регионот Camyuva, на 5 км од центарот на Кемер и 60 км од аеродромот.

Сместување: Хотелот располага со вкупно 362 соби лоцирани во главната зграда и во анекс зградата. Стандардни соби во главната зграда (25-30м2, една спална со брачен кревет или два единечни кревети + една софа кревет, една бања, макс. 3+1чд), Стандардни соби во анекс зграда (20-25м2, една спална со брачен кревет или два единечни кревети + една софа кревет, едно купатило, макс.2+1 лице), Стандардни соби без балкон (20-25м2, еден брачен кревет или два посебни кревети, една бања, макс.2 лица, без балкон) , Семејни соби (35-43м2, главна зграда, две спални со лизгачки врати помеѓу, едно купатило, макс. 4 лица), вили кои се на околу 700-800м од главната зграда, нов тип на соби во хотелот и имаат шатл-служба до главните згради и плажите, исто така, имаат базен. Сите соби располагаат со: сопствено купатило со туш кабина, фен за коса, сплит систем клима уред, директна телефонска линија, сеф (се доплаќа), мини бар (вода се полни секој ден), сателитска ТВ и музички канали, балкон или тераса со поглед на море или поглед на планина, ламинат.

Содржина: Главен ресторан за отворено шведска маса, лоби бар, бар покрај базен, бар на плажа, A'la Carte - турски и рибни ресторани. Дополнителни се наплаќаат: лекар, чување деца, перална и хемиско чистење, фризер, трговски центар, телефон, факс, интернет, компјутерски игри и изнајмување на автомобили. WI-FI интернет конекција во фоајето на анекс зградата во барот Тулип и во барот на плажа е бесплатна. Хотелот е реновиран во 2024 година (хотелско лоби, ресторан и соби).
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца (надворешниот базен се загрева во пролет и есен според временските услови), тобогани, фитнес сала, турска бања, сауна, парна бања, пинг-понг, мини голф и гимнастика. Се доплаќа: спортови на вода, масажа, салон за убавина и билијард. Забавни програми во текот на денот и навечер со професионален тим за анимација. Мини клуб за деца од 04 до 12 години со дневни и вечерни програми, мини диско наутро.
Ultra All Inclusive - отворено шведска маса за појадок, доцна појадок, ручек, попладневна ужина, торта и колачиња, вечера, полноќна супа, диетално бифе, детско бифе со бебешко катче со микробранова печка, блендер, стерилизација од шише. Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 до 02:00 часот, снек бар на плажа до 18:00 часот (грицки, безалкохолни пијалоци, топли пијалоци и пиво). Се доплаќа: сите увезени пијалоци, специјални домашни алкохолни пијалоци, флаширани пијалоци, свежи овошни сокови, турско кафе, енергетски пијалоци, ресторани A'la Carte се предмет на претходна резервација.

Плажа: Приватната плажа на хотелот, на 100 метри од зградата на хотелот, е со камчесто песочна со бесплатни лежалки и чадори. Со депозитот се вклучени и крпи за плажа. Има пат помеѓу хотелот и плажата, но обично со многу мал сообраќај.