Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Royal Holiday Palace
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Се наоѓа во Анталија, Лара на сопствена плажа, на околу 20 километри од стариот дел на Анталија и на околу 15 километри од аеродромот во Анталија.
Сместување: Хотелот е дел од синџирот Stone Group. Отворен е во април 2011 година. Зафаќа површина од 53.000 m². Располага со 604 соби (461 супериор, 56 семејни, 47 дуплекс соби, 24 луксузни апартмани, 7 јуниор апартмани, 2 триплекс апартмани, 1 крал апартман и 6 соби за лица со посебни потреби). Собите имаат поглед на море или градина.
Сите соби имаат балкон, мини бар, сет за чај и кафе, телефон, фен, сателитска ТВ со музички канали, Wi-Fi, централна клима.
Хотелски содржини: Хотелот располага со главен ресторан, 6 à la carte ресторани (италијански, далечен исток, скара, рибен, јапонски и мексикански), 9 барови (Pera Lobby, Piano Lobby, Pool, Pier, Terrace, Turquoise, Amphi, Oxygen, Disco, Bowling Bar).
Спорт и забава: Надворешен базен, базен со лизгалки, детски базен и детски базен со лизгалки. Затворениот базен за возрасни и деца работи само во зимската сезона (01.11-31.03). Аква парк (5 тобогани за возрасни и 3 за деца), забавен парк, фитнес центар, пикадо, степ аеробик, гимнастика, гимнастика на вода, одбојка на плажа, тенис во текот на денот (со резервација), опрема за тенис, пинг-понг , ватерполо, дневни активности, анимации и програми, диско, вечерни програми, музика во живо, Wi-Fi во лоби (со ограничена брзина и број на корисници).
Плажа: Хотелот има своја песочна плажа со пристаниште. Чадори, лежалки, душеци и пешкири се бесплатни (за пешкири за плажа се бара депозит).