Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Samira Club
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Се наоѓа директно на широка песочна плажа. Од центарот на Хамамет е на 5 км и од Јасмина Хамамет 4 км. Во близина има бројни продавници и ресторани. Трансферот од аеродромот во Тунис трае околу еден час, од Енфида околу 40 минути, а од Монастир околу час и половина. 

Сместување: 465 соби распоредени во бунгалови изградени во традиционален стил, секоја со своја тераса. Сите соби се климатизирани, имаат бања со туш или када, телефон, ТВ, мини бар и сеф, кои се плаќаат посебно. 14 соби се опремени за лица со посебни потреби. 

Хотелски содржини: Хотелот нуди широк избор на спортски активности и програми за кои се грижи тим од 30 млади аниматори. Има мини клуб за деца од 4-12 години, 2 тениски игралишта, игралишта за кошарка и одбојка, фудбалско игралиште со вештачка трева, 2 игралишта за одбојка на плажа, опрема за немоторизирани спортови како кајак, кајакарство, сурфање на ветер, педалинки, маси за пинг понг, пикадо, билијард, фитнес сала како и центар за нуркање или јавање коњи. Секоја вечер се организираат забавна програма и фолклорни претстави, како и диско до раните утрински часови. За деца има просторија за филмски проекции и мини диско. Хотелот нуди 2 големи ресторани и 3 барови: главниот, лоби барот, барот покрај базенот и мавританското кафуле. Други услуги вклучуваат менувачница, брза помош, фризерски и козметички салон, салон за маникир и педикир, фитнес центар, сала со билјард и игри, продавници за сувенири, интернет биро и ТВ соба. Покрај тоа, хотелот располага со спа и велнес центар со сауна, џакузи, масажи, балнеотерапија.