Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Selectum Family Resort Side
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот се наоѓа во Белек, 35 km од аеродромот во Анталија и 45 km од центарот на Анталија.

Сместување: Хотелот има вкупно 455 соби во главна хотелска зграда и 176 бунгалови. Хотелските соби се опремени со балкони, поглед на море или градина,  купатила со туш кабини, фен, бањарки, влечки, централна клима, телефон, мини-бар (вода, сокови, минерална вода и пиво се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ со музички канали. Собите во бунгалови се само со поглед на градина, туш кабини, фен, клима уред, мини-бар, електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, телефон. Стандардните соби со керамички под, а апартманите со ламинатен под, интернет, сателитска ТВ со музички канали.

Содржини: Главен ресторан – шведска маса, À la Carte ресторани: Риверсајд – рибен ресторан, Чопстикс – источно азиска кујна, À la Carte ресторани со турска, италијанска, медитеранска кујна и À la Carte ресторан на плажа, бар на базен, снек бар на плажа, барови на повеќе локации низ хотелскиот комплекс. Доктор, фризер, чување деца, изнајмување кола, перење и пеглање, продавници, интернет кафе дополнително се наплатуваат. Интернетот е бесплатен во јавните простории од хотелот и во лобито.

Спорт и забава: Отворени и затворени базени за деца и возрасни, полуолимписки надворешен базен, базен за релаксација, лизгалки, фитнес центар, сауна, турска бања, парна бања, тениски игралишта, пинг-понг, кошарка, одбојка, мини фубал, одбојка на плажа, мини голф. Спортови на вода, осветлување за тениските игралишта, часови по тенис, масажи, билијард, соба за игри, SPA центар, голф терени дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4 г до 11 г, тинејџерски клуб за деца од 12 г до 17 г со многу различни програми во текот на денот и вечерните часови, детско игралиште, мини диско.


Плажа: Хотелска приватна песочна плажа. Лежалки, чадори за сонце, пешкири за плажа се бесплатни за гостите на хотелот.