Локација: Хотелот
се наоѓа на околу 1,5 км од центарот на Сиде, околу 8 км од градот Манавгат,
околу 77 км од центарот на Анталија и 62 км од аеродромот во Анталија.
Сместување:
Tui Blue Barut Andiz е отворен во 2013 година и зафаќа површина од 11.750 m².
Хотелот располага со 139 сместувачки единици (110 стандардни, 14 swim up, 5
јуниор апартмани, 5 апартмани со џакузи, 2 соби прилагодени за лица со посебни
потреби и 3 економични соби).
Сите стандардни соби имаат централна клима, брачен кревет
(160x200), сеф, мини бар, сателитска ТВ, бања со туш, фен, сет за кафе и чај,
бањарка, влечки, Wi-Fi и балкон.
Хотелски содржини:
Хотелот нуди All Inclusive услуга - појадок, доцен појадок, ручек, вечера (самопослужување, избор на повеќе јадења
според правилата на хотелот), кафе, колачи и сладолед во одредени периоди од
денот.
Хотелот располага со отворен базен. Други активности
вклучуваат аква аеробик, јога, пинг-понг, степ аеробик, пикадо, дневна и
вечерна забава и теретана.
Плажа: Хотелот
има своја песочна плажа, на 150м од хотелот. Лежалки, чадори и пешкири за плажа
може да се користат без доплата.