Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Viking Star Hotel
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотел Viking Star се наоѓа на 1500 m од приватниот дел на хотелската плажа Viking Beach. Хотелот се наоѓа во центарот на Кемер, на 55 км од Анталија. Хотелот располага со 184 стандардни соби со површина од 6.000 м2. Гостите на хотелот можат да уживаат во прекрасната природна околина. Исто така можат да откријат елегантни ресторани и барови на локацијата и да уживаат во одлична храна и вкусни пијалоци. Многу активности и жив ноќен живот се достапни во вечерните часови.

Сместување: Сите соби се опремени со клима уред, тепих на под, бања, телефон, фен, мини бар, (празен, се доплаќа), сеф (се доплаќа), ТВ и Wi-Fi интернет (се доплаќа), балкон или тераса.

Содржина: Хотелот располага со главен ресторан, еден a la carte ресторан (се доплаќа), бар, два отворени базени, од кои едниот е за деца, два затворени базени, од кои едниот е за деца (затворените базени се сезонски отворени), турска бања, сауна, фитнес центар, Wi-Fi интернет во заедничките простории на хотелот, бесплатен шатл-автобус до плажа според распоредот на хотелот. Мини клуб за деца од 4 до 12 години, игралиште, детско бифе.
Со доплата има  услуга во соба, a la carte рестораните, витамин бар и диско, пијалоци и храна на плажа, мини бар, сеф, услуга во соба, фризер, спа центар, билијард, игри во игротека, перална, телефон, Wi-Fi интернет во собите, минибар во собите, сите пијалоци во диско и витамин бар, сите пијалоци во ресторанот Виа Венето, целата храна и пијалоци после 11:00 часот ч., целата храна и пијалок на плажа, увозни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, сладолед, еспресо, турско кафе, капучино

Плажа: Хотелот ја користи песочната камчестата плажа Викинг, на 1500м од хотелот. Бесплатен шатл-автобус до плажа според распоредот на хотелот. Лежалки и чадори на плажа се бесплатни. Крпи за базен и плажа се достапни за гостите на хотелот. Сите пијалоци и закуски од барот на плажа се дополаќаат.