Мистичен Источен Бали - Во селото Бату Булан ќе се запознаете со „Батик“ ликовната уметност. По оваа интересна посета, преминуваме кон источниот дел на Бали, во кој доминира планината Агунг (3.142 метри Тоа е најсветиот и највисок вулкан на Бали со последната ерупција во 1963 година. Комплексот „Бесаких“ кој е изграден на една од падините на вулканот е најважниот храм за балиската хинду заедница. Поради оваа причина, познат е како „Мајка Храм“. Во Букит Јамбул, слободно време за ручек и освежувачки поглед кон прекрасната долина. На нашиот пат низ источниот дел на Бали ќе го откриете традиционалното село Пенглипуран. Ова село има уникатна социјална и општествена структура, која датира од 16 век. По враќањето ќе ја посетиме Салата на правдата „Kerta Gosa“ во Клунгкунг, поранешниот главен град на Бали.).