МАКЕДОНИЈА - Дома си е дома

Сонце, езера, планини, вино, вкусна храна...

 

Македонија – на крстопат меѓу Истокот и Западот, оваа наша земја е богатство на историски споменици, природни чуда и живописна култура.Со повеќе од 200 сончеви денови во текот на годината, нуди сензационална природна убавина, високи планини, кристално чисти езера и реки, уникатна флора и фауна, фасцинантно богата историја, спектакуларно национално наследство на средновековните цркви, манастири и џамии, бројни археолошки локалитети: а последно, но не и најмалку важно, нашата Македонија ви нуди домашен топол и оригинален пречек што тешко може да се најде во другите делови на светот.

 

Истражете ги нашите природни убавини и уживајте со сите сетила во богатата туристичка и гастрономска понуда која е дел од понудата на Аурора Турс. Охрид, Струга, Берово, Крушево, Дојран или Маврово, има многу места во кои секој еден може да го пронајде својот мир и да ужива во денови одмор.

Најдете ја посакуваната локација, сместувачки капацитет и период на престој преку пребарувачот на нашата веб страната, или директно контактирајте не со Вашето барање.