Одбери
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот Дафовска се наоѓа на околу 400м од центарот на Пампорово и околу 1,1км од ски-лифтот до кој се организира трансфер со минибус. Името го добила по олимпискиот шампион Екатерина Дафовска. Мал семеен хотел кој е идеално место во пријатна средина каде што можете да се одморите.
 
Сместување: Хотелот располага со 34 стандардни соби и 10 апартмани со дневна и спална соба - совршени за семејство од 4 лица. Обезбедени се со кабловска телевизија, мини бар, телефон. Секоја соба има сопствена бања (туш / тоалет), LCD телевизор, фрижидер и балкон.
 
Хотелски  содржини: Покрај главниот ресторан, хотелот има и лоби бар, Wi-Fi е достапно низ целиот хотел. СПА центарот вклучува сауна, парна соба, џакузи и простории за масажа. Хотелот располага со паркинг и просторија за ски опремата.