Пампорово, едно од најјужните ски-центри во Европа, се наоѓа во провинцијата Смолјан, 260 км од Софија и 375 км од Скопје. Скијачкиот центар се наоѓа на падините на јужните Родопи, на надморска височина од 1620 м, додека највисокиот врв е Снежанка на 1928 m и се наоѓа на само неколку стотици метри од центарот на градот. Благите зими со силно медитеранско влијание и просечната јануарска температура од 3 °C го прават Пампорово еден од најсончевите ски-центри во Европа.
Ски-центар Пампорово
Покрај патеките за алпско скијање (со вкупна должина од 30 км), Пампорово има 38 км патеки за крос-кантри и нордиско скијање. Системот на жичарница се состои од 1 шестосед, 3 двоседи, 1 тросед, 1 двосед, 1 едносед и 6 ски-лифта со сидра, од кои два се наменети за деца. Ски-зоната во Пампорово нуди скијачки падини погодни за сите возрасти и способности, но е претежно позната како одличен избор за почетници и средно ниво на скијачи. Зимскиот центар може да се пофали со нов систем за правење снег, составен од 80 снежни топови кои покриваат 90% од скијачките терени, како и со новата скијачка патека долга 37 км, сервисирана од уникатен отворен ски-лифт шестосед. Редиците се ретки поради новиот ажуриран систем на јаже, производ на познатата австриска компанија „Axess“ со капацитет од 11.600 лица на час. За сноубордерите има фристајл парк, која заедно со LED-осветлената ноќна патека ја надополнуваат ски-магијата.
Почнувајќи од 2016 година, за прв пат во Бугарија, две соседни ски-центри Пампорово и Мечи Чал се поврзани во еден скијачки систем. Ски-пасот Пампорово исто така им овозможува на скијачите да влезат во ски-центарот Мечи Чал и да користат дополнителни 20 км скијачки патеки. Како би се олеснил пристапот на скијачите, организиран е унифициран транспортен систем со јасно дефиниран распоред за возење што ги покрива и двата ски-центри. Спројувањето на двата скијачки центри, како и присуството на сите дополнителни објекти за љубителите на зимските спортови, одличните временски услови и изградбата на голем број хотели и ресторани го направија Пампорово да биде еден од омилените ски-центри меѓу домашните и сѐ поголемиот број скијачи од другите земји.